Loading Video...
Ракомет
7. January 2019 - 15:46

Ракометарите во среда патуваат за Минхен

Полека но сигурно се ближи 11. Јануари кога македонските ракометни репрезентативци ќе истрчаат во Минхен на премиерниот дуел од СП  со Јапонија.  Зад нас се двете контролни средби на кои Македонија остави солиден впечаток  совладувајќи ја Србија, уште еден учесник на Мундијалот.

                Селекторот Гонзалез се очекува во текот на утрешниот ден да го скрати списокот на 16 патници за Минхен каде ќе ги играме натпреварите од групната фаза а веќе в среда  09.01  во раните утрински часови експедицијата патува за Германија каде ќе продолжи со тренинзите.  Средбите ќе се играат во Олимпија Хале која е со капацитет од 15.500 места.

                Овие денови активни се и верните фанови на националниот тим.  Информациите велат дека картите за сите натпревари  од групната фаза се распродадени и дека нашата репрезентација се очекува да ја бодрат повеќе од 1000 фанови што повторно ветува одлична атмосфера и ветер во грб  за Кире Лазаров и дружината.

                Да потсетиме ова е 6-то учество на СП-ва за Македонија а најдобриот пласман го остваривме во Катар каде бевме 9-то пласирани.