Ракомет
14. January 2019 - 11:51

Ракометарите во еден глас: Има само една вистина, има една Македонија

Откако МТ2 на албански јазик го бојкотираше Стојанче Стоилов, провладини медиуми го напаѓаа Столе а министерот Манчевски обвини дека имало ракометари – политичари тие заедно одговорија на достоинствен начин.

По победата со Бахреин во соблекувалната ечеше: Македонијо ти си бисер балкански...

Популарниот „министер за одбрана“, голманот на ракометната репрезентација Борко Ристовски за време на интонирањето на националната химна на дуел со Бахреин, направи гест кој многумина го искоментираа.

Додека сите ракометари ги пееја стиховите од „Денес над Македонија се раѓа“, Борко со својата десна рака, на срцето направи симбол кој означува „Обединета Македонија“.