Loading Video...
Ракомет
12. September 2020 - 15:15

Ракометарите успешно ја започнаа новата сезона

По фудбалерите ракометарите се вторите спортисти кои во период на пандемијата на Корона вирусот го започнаа новото првенство, додека кошаркарите тоа ќе го направат на 3 октомври. 
 
За прв пат со 14 екипи, поделени во две групи започна новата сезона во македонското ракометниот првенство. 
 
По забрзан ритам на одигрување на натпреварите секој петок и понеделник, се до 26 октомври треба да биде заокружен првиот дел од сезоната, по што трите најдобро рангирани екипи од двете групи, заедно со Вардар и Еурофарм Пелистер ќе ја формираат Супер лигата. 
 
Во првата дерби средба одиграна во салата Автокоманда во Скопје, тимот на Металург славеше победа над втората екипа на Еурофарм Пелистер со  25-21. Триумф на домашен терен забележа и тимот на Младост кој во Богданци го совлада Тиквеш со 27-25, додека Бутел Скопје како гостин славеше над Работнички убедливо со 33-23. Слободна во ова коло во групата Б беше екипата на Прилеп. 
 
Во А групата пак единствено екипата на Астраион ја искористи предноста на домашниот терен и го победи Радовиш минимално со 34-33, додека триумфи на гости и тоа со идентични шест гола разлика забележаа Охрид над 
Голден Арт Кирил Лазаров 7 (23-29) и Пролет над Јуниор Кисела Вода (20–26). 
 
Слободна во оваа група во воведното коло беше екипата на Струга.