Ракомет
30. October 2016 - 9:30

Ракометарите се собираат за дуелите со Украина и Чешка

Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево ќе ги почне подготовките за натпреварите од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска. Македонија е во група со Украина, Чешка и Исланд. 

На 2.ноември Македонија ја пречекува Украина, а потоа гостува кај Чешка на 5.ноември.
Селекторот Лино Червар попладнево ќе го одржи првиот собир, а предвиден и тренинг бидејќи кус е периодот воигрување, особено што по јунскиот бараж во репрезентацијата веќе ги нема Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски. На подготовките дополнително е повикан играчот на Пролет Ласко Андоновски.