Loading Video...
Ракомет
9. September 2020 - 17:03

Ракометарите подготвени за стартот на новата сезона

По фудбалерите ракометарите ќе бидат вторите македонски спортисти кои ќе ја започнат новата сезона во ситуација на Ковид пандемијата. 
 
Ракометната федерација на Македонија, во соработка со клубовите изготви комплетна стратегија и план како во услови ка пандемија на Ковид-19 да се спроведе натпреварувањето. 
 
Федерацијата и нејзиното раководство им излегоа во пресрет на клубовите со сет мерки како, покривање на трошоците за тестирање на Ковид-19, ослободување од котизација, итн... по што беше утврден и календарот на натпреварување. 
 
Така за прв пат домашното првенство ќе стартува со 14 екипи и тоа поделени во две групи. 
 
Според планот по забрзаниот термин петок – понеделник се до 26 октомври предвидено е да се заокружи есенскиот дел од шампионатот, по што трите најдобропласирани ќе продолжат понатаму, а ним ќе им се приклучат Вардар и Еурофарм Пелистер со што ќе биде формираат плеј-оф лигата, додека останатите тимови ќе ја формираат плеј-аут лигата. 
 
Деновиве се прават и првите Кови тестирањата, па ако се мине во најдобар ред веќе во петок на македонските ракометни терени ќе се играат првите натпревари од новата сезона 
 
Двојките за првото коло закажано за во петок се:
 
ГРУПА „А“
Астраион - Радовиш
Јуниор К. В. - Т. Пролет
ГА КЛ7 - Охрид
Слободна е Струга
 
ГРУПА „Б“
Металург - Е. Пелистер 2
Младост 1977 - ГРК Тиквеш 2014
Работнички - Бутел Скопје
Слободна е екипата на Прилеп