Ракометарите подготвени патуваат за Мец
Ракометната репрезентација на Македонија ги одработе подговките за Светското првенство што во среда (прв натпревар Франција - Бразил) ќе почне во Франција. Националниот тим пред заминувањето се појави и на прес конференција, на која селекторот Лино Червар изјави:
- На шампионатот одиме чекор по чекор, а првиот чекор ни е Тунис. 100 % сме подготвени за Тунис, а потоа ќе мислиме на Ангола и на другите дуели. Во Франција патуваме со кренати глави.
За новините во играта капитенот Кирил Лазаров истакна:
- Ќе има нивини во нашата игра, а ние му веруваме на селекторот и тоа што тој го има замислено. Покрај малдите играчи тука сме и ние поискусните и се надевам дека ќе можеме и да изненадиме некој од ривалите.
Дел од поискусните игрчи во нашиот состав е и Филип Миркуловски:
- Иако не бев од почетокот на подготовките мислам дека одработевне квалитетни подготовки и задоволен сум како сме подготвени. Воедно сметам дека ќе ја играме нашата игра, која ќе ни донесе позитивен резултат.
Репрезентацијата вечерва патува за Софија од каде утре наутро има лет за Виена, а потоа и за Луксембург од каде има ќе продолжи и за Мец. До првиот натпревар со Тунис – во четврток Македонија ќе одработи два тренинга во Мец, по еден во вторник и во среда. Покрај Македонија и Тунис во групата Б се уште и селекциите на:Ангола, Шпанија, Словенија и Исланд.
Распоред на натпреварите на Македонија:
12.јануари: Македонија - Тунис (почеток 17:45 часот)
14.јануари: Македонија - Ангола (почеток 20:45 часот)
16.јануари: Македонија - Словенија (почеток 17:45 часот)
18.јануари: Македонија - Шпанија (почеток 20:45 часот)
19.јануари: Македонија - Исланд (почеток 17:45 часот)
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација