Loading Video...
Ракомет
28. August 2020 - 18:20

Ракометарите на Бутел Скопје ја отвараат евро-сезоната

Денеска започнува е европската сезона за македонските претставници во ракометните натпреварувања. 
 
Тимот на Бутел Скопје денеска го игра првиот натпревар против унгарски ЃЕНЃЕШ во рамките од првото квалификациско коло од новата Лигата на Европа или поранешен ЕХФ куп. Натпреварот во Унгарија започна од 19 часот, а утре на исто место но од 18 часот ќе се игра и реванш дуелот.
 
Првиот меч на РК Бутел можете да го следите на овој линк
 
Во Скопје пак утре двојна програма и тоа на македонско-хрватски екипи
 
Од 19 часот во Автокоманда Металург во истото натпреварување ќе го игра мечот против Спачва од Винковци, додека од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, Вардар ќе игра против Нексе Нашице во реванш четвртфиналето од регионалната СЕХА лига во кој црвено-црните ќе стартуваат со гол предност откако првиот меч го добија со 
31-30.