Loading Video...
Ракомет
2. January 2019 - 18:11

Ракометарите ги продолжија подготовките за СП 2019

Завршија новогодишните празници за македонската ракометна репрезентација која денеска продолжи со подготовките за мундијалот во Германија и Данска.  Петок и сабота на програмата се тест средби со селекцијата на Србија по што се очекува селекторот Гонзалез да го објави конечниот список на ракометари.  

Ракометната селекција на Македонија ја очекува тежок настап на следниот мундијал кој се игра во две земји , Германија и Данска. Дуели со најдобрите светски селекции Шпанија и Хрватска но и со непознати ривали.  Дел од ветераните полека си заминаа од сцената а нивните места ги пополнуваат помладите што селекторот Гонзалез  сигурно го става во дилема пред кроењето на конечниот список:     

Гонзалез го веќе ги ослободи од обврските Јагуриновски и Андоновски. Единствената проверка се дуелите со Србија кои треба да дадат слика за подготвеноста   на играчите. Првиот е во петок од 20ч во арената Борис Трајковски со присуство на публика.  

Македонија првиот меч на мундијалот го игра на 11-ти јануари во Минхен.