Ракомет
20. December 2016 - 15:49

Ракометар од Иран го засилува Металург

Иранецот Амин Јусефинеџад е нов играч во редвовите на ракометниот клуб Металург. Јусефинеџад (20) е стандарден сениорски репрезентативец на Иран и игра на позиција лев бек.
 
Репрезентативецот на Иран со македоснкиот вицепрвак потпиша три иполгодишен договор, кој завршува на 30 јуни 2020 година.
 
“Кога размислував за почетокот на својата европска кариера, веднаш ми беа посочени Металург и Лино Червар, како средина и тренер најпогодни за работа со млади ракометари. Затоа брзо најдов заеднички јазик со мојот нов клуб и среќен сум што ќе имам можност овде да ги реализирам своите ракометни амбиции. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на тренерот и на раководството на клубот“, изјавил Јусефинеџад за интернет страницата на Металург.