Loading Video...
Свет
18. May 2021 - 16:43

Ракетната војна помеѓу Израел и Хамас не се смирува, конфликтот ќе ја влоши Ковид состојбата во Газа

Ракетната војна помеѓу Израел и Хамас  продолжува  и покрај меѓународните апели за прекин на огнот. За 9 дена загинаа 200 а над 1400  луѓе  се повредени во Газа  а на израелска страна  има 10 жртви и 300 повредени. Израелските проќетили уништија 450 станбени згради, училишта  и болници. 52 палестинци останаа без покрив над главата. Направената штета во Израел е далеку помала. Во меѓувреме американските медиуми објавија дека  администрацијата на претседателот Бајден ја одобрила продажбата на 735 милиони долари прецизно оружје на Израелците. Доколку насилството продолжи  ситуацијата со коронавирусот во палестинската енклава ќе се влоши. Тамошните здравствени власти велат дека 9 болници се уништени  или сериозно оштетени, некои оддели веќе не примаат ковид пациенти бидејќи згрижуваат повредени во нападите а засолништата  се можни  нови ковид кластери во наредните недели.

- Овој оддел е пренаменет во интензивна нега со 10 кревети за болни од корона вирусот. Но, кога Израел започна со напади на Газа, повторно е пренаменет. Сега е резервиран за пациенти повредени во нападите , изјави лекар во Газа.

Нападите влијаат и на текот на вакцинирање  додаваат  лекарите појасот Газа  каде живеат 2 милиона луге.  За споредба додека 62% од населението во Израел има примено барем по една доза од вакцина, во Газа  тоа се 5% .