-->
-->
Ракетен напад врз хотел во Аден, каде престојува јеменската Влада
-->
Хотел во Аден, каде што престојува меѓународно признатата Влада на Јемен, денеска беше мета на ракетен напад, соопштија безбедносните сили и очевидци.
- Има загинати и повредени, изјави официјален извор, но не потврди дали меѓу жртвите има и министри.
Хотелот „Ал Каср“ во Аден, вториот по големина град во Јемен, бил погоден од три ракети.
Јеменскиот премиер Халед Бахах и министрите од неговата Влада престојуваат во хотелот откако се вратија од егзил во Саудиска Арабија. Владата го прогласи Аден за привремен главен град на Јемен, откако Сана беше заземена од проиранските шиитски бунтовници кон крајот на минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот