Рајковиќ поднесе оставка, најверојатно заминуваат Мејси и Томас
Четири натпревари и четири порази е билансот на МЗТ Скопје во АБА лигата. По ваквиот учинок тренерот Емил Рајковиќ по вчерашниот пораз од Цибона по продолжение поднесе оставка.
- Јас сум тренер и човек кој негува високи морални вредности и поради тоа поднесувам неотповиклива оставка и дека на МЗТ Скопје Аеродром му посакувам среќа во следниот период во сите натпреварувања. Се трудев, дадов сѐ од себе, но едноставно не направивме резултат поради што ваквиот мој чекорможеби ќе биде подобар и за клубот и за мене, изјави Рајковиќ на прес-конференцијата по дуелот со загрепчани.
Оставката беше прифатена од управата на клубот. Сино-белите веќе утре ќе тргнат кон Литванија, каде што в среда ги очекува првиот дуел од Еврокупот против Лиеткабелис. Екипата на ова гостување ќе биде предводена од досегашниот помошник Александар Јончевски. Во тимот нема да бидат Мејси и Томас со кои наскоро и ќе биде официјализиран ракинот на соработката.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд