Ф1
27. May 2017 - 17:08

Раиконен со пол позиција по девет години

Возачот на Ферари Кими Раиконен беше најбрз на денешните квалификации што се возеа за Големата награда на Монако низ улиците на Монте Карло. Ова за Раиконен е прва полпозиција по девет години или вкупно 17.та во кариерата.
Веднаш до него во првиот ред ќе биде неговиот клупски колега Себастијан Фетел, кој имаше заостанување од 0.043 секунди, а третопласиран е Валтери Ботас од Мерцедес со 0.045 секунди.
Клупскиот колега на Ботас, Луис Хамилтон имаше проблеми со болидот и го освои 13.то место во квалификациите. 
Во вториот ред заедно со Ботас ќе биде Макс Ферстапен со болидот на Ред Бул, додека неговиот клупски колега Даниел Рикардо е петтопласиран. 
Во пресрет на утрешната трка Фетел (104) има шест поени повеќе од Хамилтон (98).
Стартот на трката е утре во 14 часот.