Свет
25. October 2016 - 18:27

Рахој доби мандат да состави нова шпанска влада

Времениот премиер на Шпанија Маријано Рахој доби мандат од шпанскиот крал Фелипе Шести да формира нова шпанска влада.

Тоа се случува по два дена исполнети со консултации на кралот со лидерите на политичките партии во државата. Серијата консултации заврши денеска со средба на Фелипе Шести со Рахој кој рече дека ја прифатил задачата да состави нов кабинет.

За помалку од една година во државата имаше два парламентарни избора. На последниот во јуни Народната партија на Рахој, до би само 33 отсто од гласовите. Шпанските социјалисти ветија дека ќе ја поддржат при изборот владата на Рахој кој е премиер од 2011 година.