Фудбал
3. December 2021 - 12:10

Рагник: Не ни требаат засилувања имаме доволно играчи

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, синоќа на „Олд Трафорд“ ја гледаше драматичната победа на „црвените ѓавли“ против Арсенал (3:2). По мечот ги одговорајќи на новинарски прашања ги открил плановите и го коментирал пишувањето на „Билд“, дека ќе добие бонус од 10.000.000 евра доколку успее да го донесе Ерлинг Халанд во Јунајтед.
 
„Десет милиони за Халанд, па десет за Мбапе, Левандовски, Кимих…Тоа се глупости, нема таква клаузула во мојот договор. Не треба да се шпекулира колу потенцијалните заслувања. Знам каков играч е Халанд, но во меѓувреме и на сите останати тоа им стана јасно. Во овој тим имаме доволно врвни напаѓачи, поради тоа не треба да разговараме за засилувања во тој дел од тимот“, рекол Германецот и нагласил дека клубот нема да се засилува во зимскиот преоден рок.
 
„Воопшто не разговаравме за нови играчи. Сега е време детално да се запознам со актуелниот тим, дефинитивно тука има многу играчи. Можеби по Божик ќе разговараме за некави трансфери. Лично не сакам зимски трансфери“.
 
На крајот 63-годишниот стратег го оценил натпреварот со Арсенал.
 
„Можеше да заврши и 3:3. Како тренер не сакате вашиот тим да игра вака. На крајот сум и повеќе од среќен што извојувавме победа“.
 
Ралф Рангник ќе дебитира на клупата на Манчестер јунајтед во недела против Кристал Палас.