Тенис
17. May 2019 - 11:22

Рафа и Ноле во четвртфиналето во Рим

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал покажаа дека се во одлична форма пред почетокот на „Ролан Гарос“ кога доминираа против своите противници во вечерните мечеви на мастерсот во Рим влегувајќи во четврт-финалето.

Надал, осумкратниот шампион од Рим, во двата меча што денеска ги одигра на „Форо Италико“ им дозволи само два гема на своите противници. Откако првин со 6:0/6:1 го здроби Жереми Шарди за еден час и седум минути, Шпанецот потроши само 62 минути за 6:1/6:0 победа над Грузиецот Николоз Басилашвили во меч во кој загуби само осум поени на свој сервис.

Слична форма покажа и светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, кој по 6:1/6:3 победата над Денис Шаповалов, за само 63 минути со 6:3/6:0 го совлада Германецот Филип Колшрајбер. Сега за Србинот останува дуел со Хуан Мартин дел Потро, кој со 6:4/6:4 го победи младиот Норвежанец Каспер Руд.