Македонија
19. February 2019 - 10:29

Радовишките пожарникари ја комплетираа опремата

Градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, на ТППЕ Радовиш им ја предаде опремата што се состои од високозаштитни комплет-одела, заштитни чизми, гумени чизми и друга опрема неопходна при интервенирање на пожарникарите.

Опремата е изработена според пропишаните прописи и стандарди на ЕУ, а претходно беше предадена опрема од висококвалитетни изолациони апарати за дишење, мобилни радиоврски, грбни прскалки, електрични и моторни пумпи за црпење вода, млазници и батериски лампи.