Македонија
26. October 2017 - 14:06

Радовишанец осомничен за злоупотреба на безвизниот режим со ЕУ

Против 47-годишниот П.Г. од Радовиш  поднесена е кривична пријава за злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор, соопшти МВР. 

- Пријавениот  во текот на 2017 година со возило “Мерцедес Вито“, сопственост на неговиот син, извршил превоз на повеќе лица во државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор, со цел да стекнат или остварат социјални, економски и други права, посочуваат од МВР.