Живот
5. July 2018 - 14:57

Радиоактивни ѕверови ја загрозуваат планетава: Волците од Чернобил влеваат страв во коски

Волците кои живееле на местото на најголемата светска еколошка катастрофа - Чернобил, сега живеа во остатокот од светот, а научниците стравуваат дека тие можат да „шират“ мутирани гени. Тие со право се плашат од волците од Чернобил.

Волците почнаа од Чернобил да заминуваат уште во 2016 година, кога според последната евиденција ги имаше околу 300.

Новата студија која е објавена во европскиот магазин за истражување на дивите животни покажа дека на околу 30 километри околу Чернобил дивината останала зачувана, зошто немало човечки фактор кој би и пречел, пишува Њуз Хаб.

Во раните утрински часови на 26 април 1986 година дојде до катастрофа во нуклеарната електрана во тогашната Советска република Украина која предизвика бран кој спушти смртоноски облаци атомски материјал во атмосферата, убивајќи и труејќи ги жителите и правејќи го подрачјето непожелно за луѓе.

Меѓутоа, сивите волци од тогаш се развивале, а научиците ги следеа обрасците на нивното однесување преку предаватели.

„Сега првпат успеавме да лоцираме и да следиме млад волк кој излезе од оваа зона“, рече екологот и водач на истражувањето Мајкл Бајм кој додаде дека популацијата на волци до тогаш се зголемила дури 7 пати.

За само три недели, волкот кој научниците го следат со предавател поминал дури 300 километри. Бајм вели дека ниту еден волк не е радиоактивен, но дека не може со сигурност да каже дали носи мутирани гени.