Живот
3. April 2017 - 15:25

Радио Илинден Мелбурн: Елена Велевска - срам за Македонија (бојкот за оваа бугарофилка)

Cе повикува на бојкот на сите концерти на пејачката Елена Велевска кои се закажани во Австралија. Нашинците во Мелбурн се навредиле поради тоа што за време на гостувањето на Велевска во бугарска емисија, таа песните како Кажи кажи облаче ле бело и Јовано Јованке ги нарекува бугарски песни.

"Неверојатно- Елена Велевска најдобрите стари Македонски песни ги направи бугарски – Радио Илинден повикува бојкот за нејзините концерти во Австралија.

Вакви будалетинки излегувале многу во минатото но никој не очекуваше ова ќе се случи од фолклерката Елена Велевска ,таа за бугарската телевизија Планета изјави цитираме: Во Австралија многу се пееле бугарските песни Јовано јованке, Ај кажи, кажи облаче бело…..

Радио Илинден повикува Фолклерката Елена Велевска да е се извини на македонската јавност а и истовремено бидеќи моментално Елена Велевска е на турнеја во Австралија повикуваме да се бојкотираат концертите и еднаш засекогаш да се престане со вакви антипропаганди против Македонија, Македонскиот Народ, Култура и Музика.

Во продолжение ви го преставуваме видето од нејзиниот настап на бугарската телевизија Планета.

Еве како реагираа дел од довчерашните нејзини слушатели кои веќе ја бришат од листата на омилени пејачки од Македонија.