Македонија
2. January 2018 - 16:45

Радикалните ,,независни грци‘‘ попуштаат околу условувањето на Ципрас за спорот за името

Грчкиот премиер ги затоплува односите со јавна порака дека е можен излез од безизлезната ситуација во спорот за името со Македонија. Алксис Ципрас иако внимателен во зборивите порачува дека делата се поважни од зборовите. 

- Оптимист сум дека можеме ефикасно и одговорно да управуваме со прашањето кое го наследивме од претходните влади. Сѐ додека од другата страна навистина постои желба да се направат чекори, останува да го видиме тоа, верувам дека може да се направат чекори кон излез од безизлезната ситуација.  Во надворешната политиката секој треба да биде воздржан, да не зборува многу, повеќе ги преферирам делата, отколку зборовите, рекол грчкиот премиер Ципрас за грчкото радио Риал фм. 

И портпролот на неговата влада, во интервју за Катимерини тврди дека сега е вистинското време. 

- Во текот на 2018 година, ако се земе предвид и позитивната позиција што ја следи политичкото раководство на ФИРОМ, се отвора, еден прозорец за можност да се реши проблемот што е нерешен веќе 25 години и во нашата земја и во соседната земја. Моето мислење е дека треба да го искористиме овој прозорец за можност, треба да ги најдеме најсоодветните услови и најсоодветниот процес, за да тргнеме кон решение на проблемот, рече портпаролот на владата на Грција.

Портпоаролот на владата на Ципрас вели дека Каменос иако не прифаѓа употреба на зборот Македонија како решение на спрот за името сепак јавно потврдил дека нема да биоде пречка за затворање на прашањето ако се изнајде вкупен консензус. 

Во својата анализа пак весникот Катимерини пишува : 

- Се очекува да се зголемат притисоците од меѓународните фактори, кои сакаат брзо решавање на разликите околу името, пред сѐ Американците, но и Европејците (особено Германците) за да се деблокира евро-атлантската перспектива на само на Скопје, туку и на  останатите земји од Западен Балкан, кои се изложени на ризик од дестабилизација или од руско влијание. 

Во однос на можното решение, во анализата се наведува дека името ќе соддржи одредница заедно со терминот Македонија, а не е познато дали ќе биде Нова Македонија, „Северна Македонија“, „Горна Македонија“ или како што пишува „некое друго решение кое специјалниот претставник на ОН Нимиц, веројатно би го извлекол од неговата шапка. 

Катимерини оценува и дека времето за решавање на проблемот е кратко оти идната година и двете земји ги очекуваат нови избори.