Ракомет
2. November 2017 - 13:08

Радичевиќ: Нема лесен ривал, наша цел е победа

Ракометарките на ЖРК Вардар во сабота го играа вториот дуел на домашен терен од групата во Лигата на шампионките. По двете гостински победи и триумфот дома со ФТЦ во првото „вардарки“ посакуваат нова победа.

- По 3.коло имаме максимален учинок, а треба да продолжиме до крај на групната фаза да играме сериозоно. Против секој ривал наша цел е победа бидејќи нема лесен состав. Треба 60 минути да играме добра одбрана и да ги оскористиме нивните грешки. Победата ќе биде важна и за тоа што не очекува следнат недела гистувањето во Будимпешта и дуелот со Ференцварош. Воедно би ги повикала навивачите и заедно со нив да прославиме нова победа, изјави капитенот Јованка Радичевиќ.
Тренерот Ирина Дибирова на прес конференцијата истакна:
- Ларвик е млад тим со смена на геренациите. Но, тоа се ракометарки кои сакаат да се докажат. Затоа сметам дека нема да биде лесно и мора да ги намалиме грешките.
Претседателот на клубот Гордана Нацева напомена:
- Ние и Мец сме единствените екипи со максимален учинок Затоа сме задоволни и ќе се обидеме на секој натпревар да имаме максимален пристап. ларвик ни е традиционален ривал и девојките заслужуваат повеќе публика.
Дуелот ЖРК Вардар - Ларвик од 4.коло се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.