Ракомет
5. May 2017 - 8:27

Радичевиќ: Искрено сакам титула со Вардар

Ракометарките на Вардар од денеска се во Будимпешта каде по четврти пат ќе бидат дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите. Како едно од првите засилувања во клубот дојде Јованка Радичевиќ, која претходно со унгарски Ѓер ја освои титулата европски првак, но во изјава за СИТЕЛ таа потенцираше:

- Искрено сакам титула со Вардар, поинаку би било се отколку со Ѓер. Букурешт лани ја освои титулата, а беше дојден како аутсајдер. Ќе ни биде тешко бидејќи тие се актуелни шампионки. Но, ние сме една година поискусни и конечно сакаме да го направиме тој посакуван чекор, наречен финале, а таму се е можно.