Балкан
16. јуни 2021 - 16:00

Радев со поддршка за европската перспектива на Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Софија имаше состанок со амбасадорите во државите членки на ЕУ, Швајцарија и во САД, при што нагласил дека државата ја поддржува европската перспектива на Република Македонија.

„Бугарија ја поддржува европската перспектива на Република Македонија и воспоставувањето на земјата како силен сојузник во НАТО“, нагласи Радев.

Шефот на бугарската држава ги пофали позитивните сигнали во последните неколку недели во односите меѓу Софија и Скопје и, пред се, продолжувањето на дијалогот на највисоко ниво.

Радев изрази надеж дека тој дијалог ќе доведе до конкретни одржливи и неповратни резултати „во нашите билатерални односи со Република Македонија, што исто така ќе ја забрза европската перспектива на нашиот југозападен сосед“, сооштија од неговиот Кабинет.

на средбата се разговарало и за борбата со корупцијата, санкциите со Глобалниот закон Магнитски како и за иницијативата Три мориња.