Радев по победата на изборите за претседател: Бугарија излегува од стагнација и автократија, на пат е кон слобода
Актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев победи на изборите за претседател, според излезни анкети и освои нов петгодишен мандат и покрај рекордно ниската излезност.
Сакам да им се заблагодарам на секој од вас што излезе да гласа. Демократијата функционира, благодарение на вас! Им честитам и на Герџиков и на другите кандидати што ги дадоа своите идеи. Од се срце им благодарам на сите што гласаа за нашата кандидатура. Благодарност до централата и нашиот иницијативен комитет, како и до партиите кои не поддржаа. Заврши невиден политички месец од два вида избори, кој ја истакна желбата на народот за промени, ова беа првите зборови на Румен Радев за изборниот резултат.
„И покрај пропагандата, лажните вести и изведените скандали кои се обидоа да ги спречат луѓето да гласаат, луѓето излегоа и гласаа”, додаде тој.
Разумот и патриотизмот надвладеа над апатијата и лагите, рече Радев.
„Ова е победа на нашата меѓусебна доверба, на нашата обединета верба во правото и правдата, дека заедно можеме да успееме, имаме повеќе напори пред нас, но Бугарија излегува од стагнација и автократија, таа е на пат кон слободата”.
Радев предупреди дека новото Народно собрание, избрано на трети избори во една година, нема право на грешки и мора да предложи влада која ќе ја води државата.
„Новиот парламент нема право на грешки, бидејќи луѓето нема да простат”, рече Радев во официјалната изјава по објавувањето на првите резултати од изборите за претседтаел.
Според Радев, очекувањата на општеството се да се види чисто мнозинство кое треба да преземе мерки за промени во судството, да се спречи социо-економска криза во зима, да се носат одложени одлуки. Според него, борбата против пандемијата останува приоритет.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка