Македонија
20. December 2020 - 12:46

Радев: Патот на Македонија кон ЕУ води преку Софија

Бугарскиот претседател во гостување на „Дарик радио“ порача дека во Македонија требало да разберат дека патот за ЕУ не минувал низ обиколки низ европските метрополи за да лобираат за притисок врз Бугарија, туку преку Софија.

„Знаете дека го потпишавме нашиот Договор за добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, кој од наша страна блеска со добронамерна наивност, бидејќи не ја исполни реципрочната добра волја. Имав критики за овој договор. Велам – ние сме две земји, ние сме браќа. Договорот беше добронамерен.

Кога стана јасно дека не се почитува, во 2018 година реков дека е потребен нов анекс“ рече Румен Радев.