Loading Video...
Свет
20. April 2021 - 12:24

Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на Митов

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на Даниел Митов, кандидат за премиер номиниран од ГЕРБ – најголемата парламентарна група во Собранието. 

Радев вчера имаше консултации со политичките партии и парламентарни групи од 45-то Народно собрание. На средбите не присуствуваа двајца лидери на политички партии – Бојко Борисов, премиер во оставка и Слави Трифонов од Има таков народ кој е во изолација поради коронавирус. 

Борисов утрово го претстави составот на кабинетот предложен од коалицијата ГЕРБ-УДФ.

- Го предложив Дани Митов за премиер за да може да се водат разговори со сите. Одлучив дека е мирно, работно опкружување, без иритација. Важно е за државата да има стабилна влада, рече Борисов.

Засега е јасно дека ниту една од другите политички сили нема да го поддржи мандатот на ГЕРБ, што значи дека владејачката партија тешко дека ќе собере мнозинство од 121 пратеник, бидејќи има само 75. 

Втората политичка сила – Има таков народ, предводен од популарниот ТВ-водител Слави Трифонов, која ќе го чека мандатот, доколку партијата на Борисов не успее да формира влада.