Македонија
19. July 2019 - 16:51

Радев бара ,,црвени линии‘‘ од Бугарија за македонските евроинтеграции

Бугарскиот престедател не гледа европска перспектива за Македонија се додека не се расчистат спорните  историски прашања мегу двете земји. Поддршката на Бугарија не е безусловна и безрезервна порача  Румен Радев. Спред него , Скопје треба да  ги исполни обврските од договорот за Добросоедство и да се обврзе на искрен и отворен дијалог со Бугарија. Софија пак треба јасно да ги постави црвените линии во однос на  историските и образовни прашања, потенцира Радев.

Премиерот Заев пак не се сомнева во добрите намери на соседот и очекува спорните моменти во работата на македонско бугарската комисија  да бидат надминати .

Порака на Румен Радев е само една во низата кои во последно време се почесто доагаат од Софија. Минситерката за надворешни работи Захариева неодамна порача дека Бугарија нема да прави компромиси со својата историја и вистината. Разговорите во комисија запнаа околу ликот и делото на Гоце Делчев. Откако во јуни експерите не постигнаа догвор за потеклото и заедничкото славење на ревеолуционерот, закажана е нова средба во септември . Токму за два месеци , се очекува и посета на Пендаровски на Софија.