Џет-Сет
20. August 2016 - 9:50

Рада Манојловиќ настрада во сообраќајна несреќа

Познатата пејачка Рада Манојловиќ доживеа непријатна сообраќајна несреќа.
 
Имено неа во Травник, Босна и Херцеговина, несовесен возач ја удрил од позади.
 
Рада имааше закажан настап во Травник и пристигна многу порано. Таа има многу пријатели во Босна, па слободното време го користи да се види со сите. Затоа го позајми возилото од еден пријател, за да полесно се движи низ градот- открива извор.
 
Сепак, малери се случуваат, па додека чекала на семафор, одзади ја удрило друго возило толку силно што се активирало и воздушното перниче.
 
Ударот предизвикал штета на автомобилот, а за среќа Рада не е повредена. Секако, момчето од другиот автомобил ја признало вината и ќе ја надокнади штетата. На крајот, дури и ја замолил Рада за фотографија.