Балкан
4. January 2018 - 8:36

Рачна бомба пронајдена во двор на хотел крај Солун

Грчката полиција пронајде рачна бомба во дворот на еден хотел во местото Ореокастра во близината на Солун.

Како што јави АНА-МПА, полицијата интервенирала откако добила телефонски повик дека во дворот на хотелот е забележан „сомнителен предмет“.   

По откривањето на бомбата биле повикани припадници на специјална деминерска единица на грчката армија, кои извеле контролирана експлозија.

Полицијата засега нема сознанија како бомбата се нашла во дворот на хотелот.