Македонија
12. November 2019 - 11:08

Рачна бомба пронајдена покрај брегот на Мавровското езеро

Вчера во 15.55 часот во Полициското оделение Маврово, С.Ш.(36) од Гостивар пријавил дека покрај брегот на Мавровското езеро, помеѓу с.Леуново и с.Никифорово, кај место викано „Црн камен“, била пронајдена експлозивна направа. Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот и констатирале дека станува збор за рачна бомба и таа била подигната за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.