Кошарка
26. August 2016 - 12:20

Раца: Вистинската слика ќе ја видите на следните шест натпревари

Макендонската кошаркарска репрезентација денеска има слободен ден, но значеше и обврска за селекторот Драган Раца, кој во градот домаќин Кавадарци заедно со градоначалникот Александар Панов одржаа прес конференција.

  •  Мене ми е мило што се игра во Кавадарци. Мојот помошник Врбица Стефанов е од овој град што е важно. Ги завршивме подготовките и мојот избор за пријателски беше тој и јас сакав така да играме. Задоволен сум од подготовките. До првиот натпревар треба да направиме и некои работи кои треба да се корегираат, истакна селекторот Раца.

За изборот на играчи селекторот напомена:

Имаме смена на генрација, но и со играчи кои неиграат во клубовите. Го знаев тоа и за мене беше предизвик. Имаме атмосфера која никој не може да ја сруши. Жално е што јас како селектор ги разигрувам младите играчи. Секој натпревар е различен за секој ривал. Дујковиќ, добро работеше во летниот период, но повредата со Бугарија го спречи да ја достигне формата. Ги оправда очекувањата. Тој со својата висина може да ни помогне. Ромео Тревис добро се вклопи во атмосферата во репрезентацијата.

За контролните дуели и поразите во подготовките Раца истакна:

  • Игравме против силни репрезентации во пријателските натпревари. Според мене ова не е негативен скор. Немав интерес да победиме, важно беше сите да играат. Со Словенија игравме и со 12 играчи. Вистинската слика ќе ја видите на овие шест натпревари. Играме и цел ни е да одиме на Европско првенство.

За ривалите и билансот:

Луксембург е сериозен противник немаат високи играчи играат во транзиција добро и можат секого да изненадат.

Велика Британија – Имаат играчи од НБА лигата со искусни играчи, кои имаат и индивитуални награди.

Унгарија – квалитетен тим, со многу добри индивидуалци.Против Унгарија и Велика Британија треба да играме колективно, а да не прифатиме да играме  со нив „еден на еден“, „два на два“.

За пласман понатаму потребно е да се победат сите натпревари дома, но тогаш ќе решаваат и натпреварите од другите групи.

За последните пет минути, и тоа е процес на правење кој ќе биде лидер. Ќе бидат некои варјанти, кои ќе бидат решавачки. Имаме варјанти за последните пет минути, но имаме решение како да одиграме.

На прашање зошто некои играчи ги нема, селекторот одговори:

- Искусните кошаркари не сакаат да играат за репрезентација.

Градот организатор Кавадарци, ги прави завршните подготовки:

  • Благоданост до МКФ за можноста Кавадарци да биде домаќин на овие квалификации. Сме покажале и порано дека можеме да се носиме со ваква организација. Направени се промени во спортскат сала. Упативам покана до сите за првиот натпревар да дојдат во Кавадарци и да ја бодрат Македонија , а со тоа репрезентацијата да го освои првото место во групата, изјави градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.