Кошарка
3. August 2016 - 14:40

Раца: Градиме тимски дух

Кошаркарската репрезентација на Македонија е во фаза на подготовки, а за неколку дена избраниците на селекторот Драган Раца ќе ги имаат и првите контолни натпревари во пресрет на квалификациите за Европското првенство 2017 година. Дваесетина дена македонските репрезентативци работеа пред се на подобрување на физичката подготвеност.
- Уште сме на почетокот од подготовките бидејќи сега не очекува делот каде ќе треба да работиме и на тактичкиот дел, а воедно не очекуваат и контролните натпревари. Сега за сега работиме според планираното и немаме ниту еден повреден играч од тие што тренираат. Задоволен сум од работата на играчите атмосферата е на потребното ниво и градиме тимски дух, изјави на денешната прес конференција селекторот Раца.
Тој напомена дека од вчера на тренинзите е присутен Марко Симоновски, кој ќе тренира индивидуалнои ќе биде со репрезентацијата, а ќе се следи неговата здравствена состојба. Воедно по завршувањето на Европското првенство Б дивизија што се игра во Скопје за играчи до 18 години капитенот на оваа селекција Ненад Димитријевиќ ќе се приклучи во работата со најдобрата репрезентација.
За ангажманот на Американецот Ромео Тревис, кој ќе настапува за македонската репрезентација селекторот Раца истакна:
- Во Евролигата оваа сезона играше во добра форма. Неговата состојба ми беше позната. Тоа играч кој може да создаде предност затоа и го избравме.