Свет
14. March 2017 - 14:23

Работодавците од денес може да воведат забрана за носење хиџаб на работното место

Работодавачите имаат право да наметнуваат забрана за носење на хиџаб или други религиозни симболи на работното место , одлучи Европскиот суд, пренесе  ББЦ.
 
Ова е првото решение на судот по случајот, забележуваат агенциите.
 
Во пресрет на холандските парламентарни избори, на кои муслиманската имиграција беше клучна тема, судот изнесе  вкупно решение за случаите на две жени од Франција и Белгија, кои беа отпуштени поради одбивање да го  симнат  хиџабот на работното место.
 
Судот на ЕУ додава во соопштението дека внатрешно правило во компанија што забранува носење на видлив начин на каков и да било политички, филозофски и верски симбол  не претставува директна дискриминација.
 
Сепак, во отсуство на такво правило, подготвеноста на работодавачот да ги земе предвид желбите на клиентот да нема услуги на работодавачот, извршени од работник кој носи хиџаб, не може да се гледа како професионално барање, кое може да ја исклучи дискриминација, дополнува судот .