Бизнис
2. August 2015 - 10:24

Работодавците бараат работници кои знаат што сакаат да работат

Анадолија АА - Сараево

Порталот кој се занимава со економски и пазарни теми Business Insider спроведе истражување кое покажало дека работодавците најчесто бираат лица кои сакаат да добијат одредена работа, а не само да најдат какво било  работно место. 

Истражувањето покажа на кој начин работодавците дознаваат дали некој кандидат навистина сака да добие работа за која поднесува барање. 

Многу работодавци пред да донесат конечна одлука за ангажирање на нов работник сакаат да дознаат дали кандидатот ја сака работата за која е објавен конкурсот или само сака да добие каква било  работа. 

Давид Политис, извршен директор на компанијата за софтвер Бетер Клауд, изјави дека кандидатите во тек на разговор за работа прво ги прашува која би била работа на соништата на кандидатот, ако би можел да работи се што ќе посака. 

Исто така, кандидатите ги прашува зошто тогаш не ја работат таа одредена работа кога веќе сакаат да ја работат. 

Според ова истражување, многу работодавци дури откако ќе ги откријат амбициите и стравувањата на кандидатот се обидуваат да ги дознаат приоритетите и очекувањата на работа и работното искуство. 

Политис рече дека ги прашува кандидатите: - Што сакате да работите кога сте на работно место, но и што мразите да работите? 

- Важно е да се дознае дали кандидатот навистина сака да ги врши работните обврски. 

Според негово мислење, многу е важно да се дознае дали кандидатот навистина сака да ги врши работните обврски кои се очекуваат од него. 

- Кандидатот и работодавецот треба да поминат одредено време да разговараат и за добрите и за лошите аспекти од работата, за да се уверат во компанијата дека тоа е полн погодок, а не да бидат изненадени по неколку дена од неговата работа – истакна овој експерт кој учествувал во истражувањето. 

На крај заклучил дека најважно му е кандидатот да покаже дека е крајно сериозен во врска со барањето за одреденото работно место. 

Тој смета дека за работодавците е важно да најдат работници кои целосно ќе бидат посветени да визијата на компанијата како и на одговорностите и обврските на работното место. 

- Затоа во тек на интервју сакам да го сфатам лицето, што сака да направи во кариерата и да видам дали ќе ми одговара за одреденото работно место. Се случува некои кандидати да се обидам да ги предомислам од барање за работно место, бидејќи сакам да бидам чесен со нив кога се работи за полошите страни на работата, но и високите очекувања во компанијата – рече Политис. 

Тој истакна дека неговата цел при ангажирање на нов работник е да сфати не само дека кандидатот навистина сака долги години да работи за компанијата, туку и дека ќе биде среќен на тоа работно место.