Бизнис
20. May 2020 - 19:41

Работодавачите задоволни од последниот сет мерки - се бара негова реализација

Третиот сет мерки што поскоро да стапи на сила – да не останат предлозите само на хартија. Организацијата на работодавачи бара од Владата да ги допрецизира критериумите, кој се ќе може да ги користи мерките и што побрзо да ги објави во Службен весник. Додека не се донесат Уредбите, не можат ни да се реализираат.

Поттикнувањето на личната потрошувачка преку ваучери  ќе има позитивно влијание, но Димитров препорачува – да биде насочена само кон купување домашни, а не увозни производи. За подобрување на ликвидноста , на дел од компаниите ќе им помогнат и евтините кредити за кои гарантира државата, како и и бескаматаните преку Развојанта банка.

Директна финансика помош на извозните комапнии, бараат и странските инвестотири. Од нивната Асоцијација тврдат  дека кризата  значително се одразила врз нивното работење, а покрај неповратна помош бараат и мораториум на обврските кои ги имаат кон државата, како и усогласување на царинските стапки, односно целсоно ослободување од плаќање царина на увозните компоненти кои ги вградуваат во готовите прозиводи. Велат дека на овој начин, македонските компании би биле поконкурентни во споредба со останатите земји членки на Унијата.