Loading Video...
Бизнис
5. July 2020 - 16:33

Работните места на удар на корона кризата

Роботите ќе ги сменат луѓето, коронавирусот силно ќе ја промени светската економија. Шефицата на Европската Централна Банка, Кристин Лагард, вели дека пандемијата ќе ја забрза трансформацијата, работењето од дома ќе го смени начинот на кој функционираат сите вработени, а за очекување е и засилен развој на роботиката. Овој нов начин, според Лагард ќе биде поодржлив и поповолен за животната средина. 

Сепак, во ваква ситуација страдаат реалните работни места. Карантините од претходните месеци влијаеа на работните места на околу 2,7 милијарди работници во светот или околу 81% од глобалната работна сила. 

До крајот на годината, според проценките на Меѓународната организација на трудот, во светски рамки невработеноста ќе се зголеми за 25 милиони луѓе.

Во земјава, најпогоден е текстилниот сектор каде, според државната статистика се изгубени 10% од работните места. Од текстилниот кластер велат дека кај нив кризата најмногу ќе се почувствува дури на есен, затоа бараат продолжување на владините мерки за поддршка, но и нови мерки кои ќе помогнат овој сектор да се прилагоди на новите барања на пазарот и да се модернизира.

Од март досега, како последица на корона кризата и затворањето на економијата, според податоците на Агенцијата за вработување, без работа останале 3656 лица кои добиваат надомест од државата.