Македонија
20. јуни 2018 - 11:02

Работник тешко повреден во Струга

Вчера околу 14.30 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, при изведување градежни работи во станбена зграда во изградба, односно при работа со машина за изработување на подлоги, С.М. (21) од с.Горенци, охридско, ја повредил десната рака.

 С.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“-Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.

По овластување на Јавен обвинител, увидна екипа од Полициската станица Струга и инспектор од државниот инспекторат за труд-Струга извршиле увид на местото на настанот.