Македонија
3. December 2016 - 13:02

Работник се бори за живот, падна од скеле

Вчера околу 15.40 часот на ул. „Младинска“ во Струмица В.Г. (34) од с.Секирник, додека работел како заварувач на кровна конструкција, качен на платформа од скеле, во еден момент изгубил рамнотежа и паднал од висина од 5 метри.
 
Од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни повреди опасни по живот и по укажаната првична лекарска помош бил пренесен на КАРИЛ неврохирургија во Скопје.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и трудов инспектор.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.