-->
-->
Работник пронајден удавен во шахта на магистралниот пат во изградба А-4 Штип-Радовиш
-->
– Во полициска станица Радовиш вчера во 17:50 часот било пријавено дека во шахта на магистралниот пат во изградба А-4 Штип-Радовиш, во близина на крстосница за селото Бучим, било пронајдено починато лице, соопштија од СВР Струмица.
Увидна екипа од ОВР Радовиш, трудов инспектор и лекар извршиле увид на местото на несреќата, при што било утврдено дека станува збор за Б.Б.(49) од Скопје, кој додека извршувал работни задачи за една компанија, паднал во шахтата со вода и се удавил.
Од обдукцијата, извршена по наредба на Јавен обвинител, е потврдено дека причина за смртта е давење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море