Македонија
24. August 2018 - 12:22

Работник на „Паркови и зеленило“ заврши во болница

Вработен во Јавното претпријатие „ Паркови и зеленило“ при работа се сопнал на синџир, паднал и се повредил.Според информациите на полицијата,вчера околу 12.40 часот во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен Џ.З.(53) од Гостивар, вработен во Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ од Гостивар, со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека изведувал работи на улица „Гоце Делчев“, го отворал хидрантот за да го наводнува зеленилото, но се сопнал на синџирот од оградата, паднал и се повредил.
 

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.