Бизнис
18. April 2018 - 19:58

Работниците од прилепски Еурокомпозит од понеделник повторно на блокади

Вработените во прилепски „Еурокомпозит денеска најавија нови протести и блокади на патишта, бидејќи скоро еден месец работат без директор и немаат земено плата. Последната плата ја добиле пред 40-тина дена, а сега нема кој да ја потпише другата. Велат дека никој од Владата не сакал ниту да им каже дали е прифатена оставката на претходниот директор и кога ќе добијат нов.

„Решивме да ја предупредиме Владата дека доколку во овие два дена не ни исплати плата, како што беше ветено дека секој месец ќе земаме плата, ни излегуваме со радикални мерки и од понеделник ќе започнеме со нови протести“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикален добор.  

„Еве 6-ти месец помина откако имавме средба со Заев и никој нема мрднато ниту еден милиметар. Не држат во неизвесност, си купуваат време“, Цветан Бунтески, член на синдикален одбор на Еурокомпиозит.

Од СИЕР обвинуваат дека ниту еден од договорите кои беа постигнати на последната средба не се почитува. Фирмата немала директор, не се покренало прашањето за технолошки вишок, единствено што добиле било само една плата.

„Во најскоро време мора да се реши проблемот, во спротивност работниците се спремни дури и колективно да потпишат отказни решенија, ако веќе проблем се работниците“, изјави Лазе Ангелески, претставник на СИЕР.

Претходно, вработените добија ветување дека проблемот ќе им биде решен за 6 месеци, од тогаш помина месец и половина.