Работници од „Фени” протестираат пред филијалите на три банки во Кавадарци
Работници од „Фени индустри” денеска во Кавадарци одржаа протест пред филијалите на неколку банки за, како што рекоа, да го искажат своето незадоволство поради покренување на барање за стечајна постапка од страна на најголемите доверители Стопанска банка, Комерцијална банка и Силк Роуд банка.
- Ги молиме за разбирање за нашата многу тешка ситуација. Бараме да се вложат до максимум и да помогнат во решавање на нашиот проблем. „Фени” од почеток на своето постоење претрпел неколку вакви кризни моменти, но никогаш не бил во ваква поволна ситуација, како што е сега, кога имаме неколку заинтересирани инвеститори, за што добро се информирани и нашите главни доверители т.е. банките, рече Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација.
Сега во момент кога никелот е 13.000 долари за тон, нагласи, за нас, па и за секој разумен човек не би требало да биде прифатлив стечај.
- Затоа бараме и Владата да се вклучи во целост во изнаоѓање на решение прифатливо за нас вработените, а тоа е да не одиме во стечај, да продолжиме со извршување на нашите работни задачи, да немаме прекин на работниот однос и цело време до моментот на продажбата да имаме статус на вработени во нашата компанија, додаде Палитов.
За нив како вработени, рече, воопшто не е важно кој ќе биде новиот инвеститор.
- Единствено што е важно за нас и значи живот за нас и нашите семејства е да продолжиме со работа без прекин. Затоа сакаме уште еднаш да ги потенцираме нашите барања. Нашата компанија да не оди во стечај, да се исплаќаат нашите лични доходи во целост и за цело време до моментот на продажба да имаме статус на вработени во нашата компанија, нагласи претседателот на Синдикатот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување