Loading Video...
Кошарка
14. May 2018 - 13:55

Работнички за финале, Куманово за продолжување на полуфиналната серија

Во во салата „Градски парк“ во Скопје, попледнево од 19 часот, екипите на Работнички и  Куманово ќе го играат третиот меч од полуфиналето во плејофот, односно разигрувањето за шампионската титула. 
 
Работнички веќе има две победи, па евентуален триумф на вечерашниот меч ќе значи и пласман на Р%аботнички во финалето.  Доколку Куманово успее да слави победа тогаш четвртиот меч ќе се игра веќе во среда во Куманово. 
 
Потсетување дека вчера, МЗТ Скопје ја совлада Блокотехна со 89-72 со што поведе со 2-1 во победи. Следниот меч овие екипи ќе го играат утре во Негорци.