Loading Video...
Кошарка
3. March 2018 - 18:59

Работнички останува непоразен и по 17-кола во домашното првенство

Екипата на Работнички ја продолжи победничката низа во домашниот шампионат. 
 
Тимот од Градски парк ја забележа и 17-тата победа во исто толкуте одигран натпревари во прволигашката конкуренција. 
 
Работнички славеше на гостувањето кај Блокотехна со 73-67, со што се зацрвсти на врвот на табелата сега со три бодови повеќе од денешниот ривал. 
 
На останатите средби од ова 17.коло, Кожув ја победи Струмица со 90-72, а во тек се натпреварите Пелистер - Карпош Соколи и Фени Индустри – Куманово.
 
Шкупи и АВ Охрид ќе играат во вторник, а за во среда закажана е средбата Гостивар - МЗТ Скопје Аеродром, поради настап на МЗТ во АБА лигата