Фудбал
17. July 2018 - 19:50

Работнички и Шкупи елиминирани од Лига Европа

Македонските претставници во Лига Европа, Работнички и Шкупи ги завршија натпреварите уште во 1.квалификациско коло по денешните реванш средби со Хонвед и Глазгов Ренџерс. 

Работнички гостуваше во Унгарија и е поразен со убедливи 4-0 и по победата од 2-1 во Скопје не успева да го елиминира Хонвед. 
Шкупи на Филип Втори одигра 0-0 против славниот Глазгов Ренџерс откако не искористи неколку убави шанси за гол. 
Шкотланѓаните патуваат во 2. квалификациско коло по победата од 2-0во Глазгов. 
Вардар е последниот наш претставник во Лига Европа и својот натпревар ќе го одигра во четврток кога во Скопје гостува Пјуник кој има победа од 1-0 од Ерменија.