Фудбал
12. March 2016 - 18:18

Работнички и Ренова одиграа брз голови

 
 
 
  Работнички и Ренова одиграа без голови 0-0 во премиерниот меч од 22.коло во Првата фудбалска лига. 
 
На средбата одиграна на арената „Филип Втори“, и двете екипи покажаа желба за триумф, меѓутоа не успеаа да реализираат.
 
Останатите четири натпревари ќе се играат утре во терминот од 14 часот. 
 
Лидерот Вардар гостува во Охрид кај Младост. Составот на Металуг ја пречекува второ пласираната Шкендија, додека во Кочани, штипска Брегалница ќе игра против Хоризонт Турново. 
 
Дербито на колото во кое ќе се сретнат трето и пето пласираните екипи на табелата ќе се игра на стадионот „Чаир“ во Скопје, каде Шкупи ја пречекува екипата на Силекс. 
 
Табела: Вардар 52 бодови, Шкендија 47, Силекс 33, Работнички 32, Шкупи 31, Ренова 22, Хоризонт Турново 21, Брегалница 20, Младост 16, Металург 13.