Фудбал
15. February 2016 - 14:46

Работнички и Младост го отвораат пролетниот дел од ПМФЛ

Пролетниот дел од сезоната 2015/16 во Првата фудбалска лига на Македонија ќе почне в петок (19 февруари), со натпреварот Работнички - Младост Царев Двор.

Работнички и Вардар натпреварите како домаќини ги играат на Национална арена „Филип Втори“, но поради тоа што теренот не е во состојба без оштетувања да издржи два натпревара ден за ден „романтичарите“ одлучија својот меч против Младост Царев Двор да го одиграат в петок.

Актуелниот шампион Вардар дуелот против Ренова ќе го игра в недела, исто така на арената „Филип Втори“.

Шкендија својот натпревар како домаќин против Турново ќе го игра во Велес, а во останатите мечеви се среќаваат Шкупи – Металург и Силекс – Брегалница.