Работнички граби кон нова титула
Работнички и без своите фанови (кои го бојкотираа мечот) победи на драматичното гостување кај МЗТ Скопје со 76:75 за да поведе со 2:0 во финалната серија и да дојде на една победа од јубилејната 15. титула, прва од далечната 2009 година.
Актуелните шампиони се надеваа дека со враќање во својата арена „Јане Сандански“ ќе успеат да израмнат против својот вечен ривал, но последната четвртина го одлучуваше мечот, и „металците“ ќе мораат да направат подвиг ако сакаат да ја освојат седмата титула во низа во македонската кошарка.
Исходот на мечот беше крајно неизвесен од почетокот до крајот, пред во драматична завршница Работнички да направи клучна предност. Работнички ја доби првата четвритина со 21:18, но МЗТ до крајот на полувремето дојде до предност од половина кош (37:36). Откако по третата четвртина беше апсолутно израмнето, Работнички поведе со 73:70, пред Трајковски да намали на 72:23. Трајковски со тројка ги донесе МЗТ на чекор до победата со предност од 75:74, но во последните секунди Работнички со две слободни фрлања на Гинјард стигна до минимална победа.
Првата „шампионска топка“, Работнички ќе ја има уште в петок во својата сала „Градски парк“, каде што повторно нема да биде дозволен влез на гостинските навивачи. Ниту еден тим во финалињата досега не се вратил од негатива од 2:0.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација