Loading Video...
Кошарка
22. September 2020 - 15:43

Работнички го пријави првиот Ковид-19 случај во мак-баскетот

Откако во неколку ракометни македонски клубови беа пријавени првите случаи  на Ковид-19, а вчера тоа се случи и со дел од девојките од женската македонска фудбалска репрезентација, денеска го имаме и првиот случај во мак_баскетот.
 
Американецот Демиер Питс е позитивен на Корона вирусот, соопштија денеска од КК Работнички
 
По направените редовни контролни тестирања од страна на раководството на КК Работнички, потврдено е дека Питис е позитивен, додека тестовите кај сите останати останатите играчи се негативни. Американецот останува во изолација, информираат меѓу другото од тимот од „Градски парк“. 
 
Деновиве се очекува тестирање и во екипите на Куманово и ТФТ кои изминатиот период одиграат контролни натпревари против Работнички. 
 
Појавата на првиот случај на позитивен на Ковид-19 во мак-баскетот, е на само 11 денови пред почетокот на новата сезона закажана за 3 октомври. 
 
Останува да се почекаат тестирањата, по што ќе биде познато дали Првата лига ќе може стартува во предвидениот рок или ќе треба да се пролонгира.